Обука за практично сметководство: пролетен циклус 2021 (хибриден модел со физичко присуство и Online следење)

0
359

Со пролетниот циклус од обуката за практично сметководство почнуваме од понделник, 8.3.2021.

Пријава и детални информации на 070 22 11 65 или на mail: edukacija_obuka@t.mk.

ВЛОЖЕТЕ во себе и СВОЈАТА ИДНИНА: 10-неделна ОБУКА за ПРАКТИЧНО СМЕТКОВОДСТВО!

Обука идеална за сите оние кои сакаат да градат кариера во модерниот деловен свет и кои имаат допир со канцелариски работи: претприемачи, управители, менаџери, административци, банкарски и финансиски работници, студенти!

Обуката за практично сметководство е придружена со соодветен прирачник со работни материјали со реални примери и документи од околу 200 страници!

Во текот на обуката ќе опфатиме и теми поврзани со:

  • Законот за трговски друштва,
  • Законот за вршење на сметководствени работи,
  • Кус осврт на Законот за сметководство на непрофитни организации и Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници,
  • Законот за ДДВ,
  • Законот за данок на личен доход (утврдување на даночна основа, концепт на прогресивен данок и рамен данок и пресметка на аконтации и оданочување на некои видови доходи),
  • Законот за данок на добивка (утврдување на даночна основа, оданочување на дивиденди, непризнати расходи и вкупни приходи, пресметка на аконтации),
  • Запознавање со системите на УЈП (електронско поднесување на даночни пријави),
  • Законот за работни односи и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.


Времетраењето на обуката е 10 недели, интензитетот на предавање е две предавања неделно а едно предавање трае помеѓу 90 и 120 минути. Со оглед на моменталната ситуација поголем дел од предавањата ќе се одвиваат Онлајн (Скајп), освен последните предавања кои се однесуваат на годишната сметка кои ќе се организираат со физичко присуство.

Цената на обуката, со вклучени прирачник и материјали е:

  • 11.500 денари за извршена уплата заклучно со 29.1.2021 (прва рата од 3.500 денари и две рати од по 4.000 денари);
  • 12.500 денари за извршена уплата заклучно со 5.3.2021 (рата од 3.500 денари и две рати од по 4.500 денари);
  • 13.500 денари за извршена уплата заклучно со 31.3.2021 (рата од 3.500 денари и две рати од по 5.000 денари).

За повеќе информации слободно контактирајте не на mail или телефон.