Обука за практично сметководство: есенски циклус 2020

0
2421

Со есенскиот циклус од обуката за практично сметководство почнуваме од 5.10.2020.

Пријава и детални информации на 070 22 11 65 или на mail: edukacija_obuka@t.mk.

ВЛОЖЕТЕ во себе и СВОЈАТА ИДНИНА: 10-неделна ОБУКА за ПРАКТИЧНО СМЕТКОВОДСТВО!

Обука идеална за секој оној кој сака да научи и да гради кариера во модерниот деловен свет и кој има допир со канцелариски работи – претприемачи, управители, административци, банкарски и финансиски работници, студенти!


Во текот на обуката ќе опфатиме и теми поврзани со:

  • Законот за трговски друштва,
  • Законот за вршење на сметководствени работи,
  • Кус осврт на Законот за сметководство на непрофитни организации и Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници,
  • Законот за ДДВ,
  • Законот за данок на личен доход (утврдување на даночна основа, концепт на прогресивен данок и рамен данок и пресметка на аконтации и оданочување на некои видови доходи),
  • Законот за данок на добивка (утврдување на даночна основа, оданочување на дивиденди, непризнати расходи и вкупни приходи, пресметка на аконтации),
  • Запознавање со системите на УЈП (електронско поднесување на даночни пријави),
  • Законот за работни односи и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.


Времетраењето на обуката е 10 недели, интензитетот на предавање е две предавања неделно а едно предавање трае помеѓу 90 и 120 минути. Со оглед на моменталната ситуација поголем дел од предавањата ќе се одвиваат Онлајн (Скајп), освен последните предавања кои се однесуваат на годишната сметка кои ќе се организираат со физичко присуство.

Цената на обуката е 13.500 денари за извршена уплата до 1.10.2020.

За повеќе информации слободно контактирајте не на mail или телефон.



Познат цитат кој обично се асоцира со Бенџамин Франклин!

Акцентот во нашите обуки е токму на ПРАКТИЧНОТО ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ НАСТАНИ – од основањена трговско друштво, преку даночна регулатива до годишна сметка! За секој настан кој ќе биде евидентиран во текот на обуката слушателите пред себе ќе имаат реален документ.