Можност за голем попуст со уплата за пролетниот циклус обуки за сметководство (хибриден модел со физичко присуство и Online следење)

0
2214

Со пролетниот циклус од обуката за практично сметководство почнуваме од понделник, 7.3.2022. Искористете ја можноста за уплата со огромен попуст!

Обука идеална за сите оние кои сакаат да градат кариера во модерниот деловен свет и кои имаат допир со финансии, пресметки на плати, даноци, административни и канцелариски работи: претприемачи, управители, менаџери, административци, банкарски и финансиски работници, студенти!

  • 📅 Термини: пролетниот циклус почнува од 7.3.2022 и е предвидено да трае до 13.5.2022 со предавања организирани во групи во различни термини од 18:00 и 17:00 (два блок часа неделно);
  • 💰 Цена: 
    • 11.500 денари за уплата до 31.1. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 12.500 денари за уплата до 4.3. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 13.500 денари за уплата до 14.3. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 15.000 денари за уплата по 14.3.
  • 📢 Начин на следење: хибридно, по желба на слушателот, можно е и физичко присуство но и Online следење (Skype + YouTube Stream). Времетраењето на обуката е 10 недели, интензитетот на предавање е две предавања неделно а едно предавање трае помеѓу 90 и 120 минути. 

Прочитајте повеќе за обуката за практично сметководство тука или јавете се на 070 22 11 65.



Во текот на обуката ќе опфатиме и теми поврзани со:

  • Законот за трговски друштва,
  • Законот за вршење на сметководствени работи,
  • Кус осврт на Законот за сметководство на непрофитни организации и Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници,
  • Законот за ДДВ,
  • Законот за данок на личен доход (утврдување на даночна основа, концепт на прогресивен данок и рамен данок и пресметка на аконтации и оданочување на некои видови доходи),
  • Законот за данок на добивка (утврдување на даночна основа, оданочување на дивиденди, непризнати расходи и вкупни приходи, пресметка на аконтации),
  • Запознавање со системите на УЈП (електронско поднесување на даночни пријави),
  • Законот за работни односи и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.