Можност за голем попуст со уплата за есенскиот циклус обуки за сметководство во 2024 (хибриден модел со физичко присуство и Online следење)

0
5627

Со есенскиот циклус од обуката за практично сметководство почнуваме од понеделник, 30.9.2024Искористете ја можноста огромен попуст со рана уплата!

Дополнително, покрај обуката за практично сметководство (почетно ниво), имате можност да се приклучите и кон обуките за напредно сметководство и финансиска анализа (достапни поединечно или како пакет од три обуки за они кои сакаат комплетно да се обучат за сметководствено и даночно работење и спроведување на финансиски анализи и контроли кај нас).

Практично сметководство

Обука чија програма, цели и методи на спроведување се перфектно складни со потребите на сите оние кои сакаат да градат кариера во модерниот деловен свет и кои во своите работни активности имаат допир со административни работи, сметководствено, финансиско, матерјално работење, човечки ресурси и пресметки на плати, даноци и општи канцелариски работи:

  • претприемачи, самовработени лица и сопственици на мали бизниси,
  • управители и менаџери,
  • банкарски и финансиски работници и аналитичари,
  • административци и кацелариски персонал,
  • студенти на бизнис, економија, администрација и
  • секој оној кој сака да се преквалификува или да го дополни знаењето со темите кои ќе бидат опфатени!

Обуката опфаќа сметководствен третман на настани типични за едно македонско трговско друштво – од настани при основање на друштвото, преку основно пополнување на ДДВ пријава, па се до подготовка на годишна сметка.

Прочитајте повеќе за обуката за практично сметководство тука или јавете се на 070 22 11 65.


  • 📅 Термини: есенскиот циклус почнува од 30.9.2024 и е предвидено да трае до 6.12.2024 со предавања организирани во групи во различни термини од 18:00 и 17:00 (два блок часа неделно);
  • 💰 Цена:
    • 11.500 денари за уплата до 30.6.2024. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 12.500 денари за уплата до 31.7.2024. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 13.500 денари за уплата до 30.9.2024. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 15.000 денари за уплата по 30.9.2024 (💥 актуелна понуда 💥);.
  • 📢 Начин на следење: хибридно, по желба на слушателот, можно е и физичко присуство но и Online следење (Skype + YouTube Stream). Времетраењето на обуката е 10 недели, интензитетот на предавање е две предавања неделно а едно предавање трае помеѓу 90 и 120 минути. 

Работни материјали и прирачник

📖Обуката за практично сметководство е придружена со соодветен прирачник со работни материјали со реални примери и документи од околу 200 страници!

Начин на изведување

💻Обуката се изведува на табла и на компјутер и во текот на обуката ќе биде обработена типична сметководствено-финансиска документација за едно македонско микро друштво.

Обуката може да се следи хибридно: со физичко присуство или Онлајн (преку Скајп и Јутуб), по избор на слушателот.

Тематски целини

📌Во текот на обуката, освен конкретна евиденција на сметководствени настани, ќе опфатиме и теми поврзани со:

  • Законот за трговски друштва,
  • Законот за вршење на сметководствени работи,
  • Кус осврт на Законот за сметководство на непрофитни организации и Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници,
  • Законот за ДДВ,
  • Законот за данок на личен доход (утврдување на даночна основа, концепт на прогресивен данок и рамен данок и пресметка на аконтации и оданочување на некои видови доходи),
  • Законот за данок на добивка (утврдување на даночна основа, оданочување на дивиденди, непризнати расходи и вкупни приходи, пресметка на аконтации),
  • Запознавање со системите на УЈП (електронско поднесување на даночни пријави),
  • Пресметки на плати и надоместоци за вработените и нивен правилен даночен третман и запознавање со Законот за работни односи и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Сертификат

📜По завршување на обуката секој слушател ќе добие сертификат за успешно завршена обука.

Предавач и контакт

За повеќе инфо контактирајте не на 070 22 11 65 или на 609 1551 или на [email protected].

Предавач на обуката е м-р Благоја Грозданов, одговорно лице на Конто Профит и претседател на Комората на сметководители, со повеќе од десет години искуство во областа.

❗За сите оние пак кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството, финансиите и даноците…

Пакет обуки есен 2024: 3️⃣ обуки, 3️⃣ прирачници, 3️⃣ месеци (хибриден модел со физичко присуство и Online следење)

БИДЕТЕ КОМПЛЕТНО ОБУЧЕНИ – ВЛОЖЕТЕ во ВАШАТА ИДНИНА и НАУЧЕТЕ од ОНИЕ кои ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ НЕСЕБИЧНО го ПРЕНЕСУВААТ ЗНАЕЊЕТО!

ПАКЕТ од ТРИ ОБУКИ во ТРАЕЊЕ од 12 НЕДЕЛИ (Практично сметководствоНапредно сметководство и Финансиска анализа).

Се започнува со обуката за Практично сметководство на 30.9.2024 (понеделник), а потоа се апсолвираат обуките за Напредно сметководство и Финансиска анализа. Последниот час од пакетот од трите обуки ќе се одржи најдоцна до 27.12.2024 (петок).

Пакетот ги опфаќа следните теми:

📝 сметководствена евиденција на секојдневни (влезно-излезна документација кај друштва кои се бават со давање на услуги, трговија на големо и мало, од основање на фирма па до поднесок на биланс на состојба и на успех) и специфични настани (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, растур, кало, крш и расипување, производство, градежништво и сл.),

💹пресметка на резултат од работењето за финансиската година, пресметка на данок на добивка и обврска за данок, плаќање на аконтации, финансиско и даночно известување (поврзаност меѓу финансиски и даночни извештаи и спроведување на контроли и проверки за исправноста на евиденцијата);

📚 осврт на даночната регулатива и релевантните даночни извештаи (данок на личен доход и пресметките при оданочување на разни видови на доход, данок на добивка и пресметка на даночна основа со непризнати расходи, даночни намалувања и намалувања на пресметаниот данок, пресметка на обврска за данок и месечна аконтација за данок, ДДВ со сите негови специфики, поднесок на даночен биланс за данок на добивка, даночен биланс на вкупен приход и на ДДВ-04 пријава),

📖 предглед на законската рамка поврзана со Законите за трговски друштва, Законот за трговија, Законот за работни односи, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување како и

📊 употреба на Ексел како алатка за креирање на описни финансиски извештаи и анализа на финансиски извештаи преку практични примери!


💰 Цена за пакетот од три обуки: 18.500 денари (💥актуелна понуда за уплата на рата заклучно 31.7!💥) / 19.500 за уплата по 31.7. 

☎ За повеќе инфо контактирајте не на 070 22 11 65 или на 609 1551 или на [email protected].

Повеќе за секоја од трите обуки во пакетот може да најдете тука: