КПУ 4/2024 во ко-организација на Конто Профит и Global Consulting Group

0
829

Последната дводневна Online обука (16 часа) за КПУ за 2024 година ја планираме за 12 и 13.12, во термини од 9:00 часот. И овој циклус го ко-организираме во форма на Online обука заедно со колегите од Глобал Гроуп Консалтинг (mojkonsultant.mk). Формулар за пријава ќе најдете најдолу на страницата.

Термин

📆 12 и 13.12 (четврток и петок) од 9:00.

Начин на следење

💻 Online (Zoom + YouTube stream), со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.

Теми и агенда

ДЕН 1:

ДАНОЦИ: 3 часа (9:00-11:00) со М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • Практична примена на даночните стапки за ДДВ во разни ситуации на промет со добра и услуги;
  • Дерегистрација и регистрација во системот за ДДВ;
  • Промена на даночна основа: член 22 од ЗДДВ;
  • Аванс и капар од аспект на ЗДДВ.

Дополнително: гостин, експерт од областа на даноците кој за време на и по предавањето ќе биде достапен да одговори на Вашите конкретни прашања и да ги разреши конкретните дилеми поврзани со практичната примена на одредбите од материјалните даночни закони.

Пауза: 20 минути (11:00-11:20)

МСС и МСФИ: 3 часа (11:20-13:20) со Симона Павловска, овластен сметководител, бр. на уверение 0106210 и овластен ревизор:

  • Модел за признавање на приходите во пет чекори (утврдување на договорот со купувачите, утврдување на обврските за изврщување, утврдување на цената на трансакцијата, распределба на цената на трансакцијата на обврските за изврщување, признавање на приходите кога друщтвото ќе ги исполни дефинираните обврски за изврщување.

Пауза: 10 минути (13:20-13:30)

РАБОТНИ ОДНОСИ И ДЕЛОВНО ПРАВО: 2 часа (13:30-14:50) со М-р Јани Павловски, магистер по правни науки и М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • Пресметка на додатоци како дел од платата со практични примери за примена и пресметка во разни ситуации: работа во недела, работа на ден на државен празник, прекувремена работа, ноќни часови и сл.

ДЕН 2:

ЗАКОНСКА РАМКА ПОВРЗАНА СО ПОДГОТОВКА НА ГС И ФИ: 2 часа (9:00-10:20) со Симона Павловска, овластен сметководител, бр. на уверение 0106210 и овластен ревизор:

  • Нормативно уредување, организација на активности, даночен и сметководствен третман на пописот.

Пауза: 10 минути (10:20-10:30)

ДАНОЦИ: 2 часа (10:30-11:50) со М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • Растур, кало, крш и расипување – сметководствен и даночен третман од аспект на ДДВ, ДЛД и ДД;
  • Вредносни ваучери: сметководствен третман и регулирање од аспект на ДДВ, ДЛД и ДД.

Пауза: 10 минути (11:50-12:00)

РАБОТНИ ОДНОСИ И ДЕЛОВНО ПРАВО: 1,5 часа (12:00-13:00) со адвокат Мартин Бошкоски:

  • Отказ од деловни причини: основ, постапка, обврски за работодавачот.

ДАНОЦИ: 1,5 часа (13:00-14:00) со М-р Јани Павловски, магистер по правни науки:

  • Даночна постапка по надворешна контрола од УЈП, добивање на нацрт записник, завршен разговор, забелешки, правни лекови.

Пауза: 10 минути (14:00-14:10)

РАБОТНИ ОДНОСИ И ДЕЛОВНО ПРАВО: 1 час (14:10-14:50) со М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767 и М-р Јани Павловски, магистер по правни науки:

  • Новогодишен надоместок и подароци: нормативен, даночен и сметководствен третман.

Агендата може да ја преземете од тука:

Предавачи

Предавачи

+++ Гостин, експерт од областа на индиректните даноци и даночниот систем на Македонија кој ќе може да одговори на вашите конкретни прашања!

Цена

💶 Цената изнесува вкупно 4.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 4.720 денари по слушател. Уплатата се врши на една од трансакциските сметки на организаторите, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот кој може да го најдете на Веб страниците и по издадена фактура.

Податоци за уплата:
  • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
  • Трансакциски сметки:
    • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
    • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
  • Цел на дознака: КПУ 3/2024 за *Име на лице и број на лиценца*.

Заради усогласеност со новиот Правилник за КПУ донесен од ИСОС, сите заинтересирани мора да се пријават и да извршат уплата најдоцна до 10.12.2024 и да бидат континуирано приклучени од своите компјутери за време на Онлајн семинарот, затоа што списокот со присутни и изворните податоци од платформата преку која истиот ќе се одржува мора да бидат доставени до ИСОС најдоцна 8 дена по одржување на семинарот!

Формулар за пријава

    Име и презиме (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: