КПУ 3/2023 во организација на Конто Профит

0
446

КПУ 3/2023 ќе го спроведеме како еднодневна обука со можност за хибридно следење (можност и за физичко присуство и за Online следење) и истиот ќе носи 8 часа за КПУ во 2023 година. Семинарот е закажан за 13.10.2023 (петок), од 9:00 часот.

Формулар за пријава ќе најдете подолу 👇

📅Термин

 13.10.2023 (петок) од 9:00.

💻Начин на следење

Хибридно – може самите да одберете дали сакате да следите со физичко присуство или да следите Online. Online присуството ќе се овозможи преку Skype и дополнително преку YouTube stream, со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени кои ќе одберат да следат Online.

🏨Локација за физичко присуство

Хотел DoubleTree Hilton, Скопје, Аеродром (кеј на Вардар).

📰Теми и агенда *

  1. ДДВ, фокус на конкретни практични примери во следните ситуации – 2 часа:
    • Специфики кај аванс и капар, со посебен осврт на ситуации во градежништво (авансно плаќање при промет со градежни објекти);
    • Тема градежништво: право на одбивка на влезен данок при набавка на станови, последно мислење од надлежни инстутуции;
  2. ДДВ, ДЛД и ДД – 1 час:
    • Организирана исхрана и превоз – нормативно дефинирање и третман од аспект на трите материјални даночни закони;
  3. ДД: Оданочување на камати по заеми добиени од поврзани лица во случај на тенка капитализација – 1 час;
  4. Државна помош: МСС 20 и Оддел 24 од МСФИ за МСЕ – 1 час;
  5. Отпис и исправка на вредност на побарувања – 1 час;
  6. Доход од закуп од аспект на ЗДЛД – 1 час;
  7. Основна главнина – уплата, упис, намалување и третман при ликвидација кај ДОО.

*Напоменуваме дека го задржуваме правото за промени во агендата, особено доколку дел од законските решенија кои се во собраниска процедура се изгласаат во Собрание и се објават во Службен Весник заклучно со денот на одржување на ова КПУ (пред се мислиме на Законот за данок на солидарност и измените во ЗДДВ и ЗДД кои се во процедура).

💶Цена

Цената изнесува вкупно 2.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 2.360 денари по слушател за еднодневната обука. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.

📝Формулар за пријава

    Име и презиме (пополнете уредно, на кирилица. Ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Како би сакале да следите:

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: