КПУ 2/2024 во ко-организација на Конто Профит и Global Consulting Group

0
2354

Второ КПУ во 2024 година, во ко-организација на Конто Профит и Global Consulting Group.

🔜 Втората еднодневна Online обука (8 часа) за КПУ за 2024 година ја планираме на 5.6 (среда), во термин од 9:00 часот. Поради краткиот период од носењето на новиот Правилник за КПУ, Програмата за КПУ и новиот систем на ИСОС за евиденција на КПУ, овој циклус организираме Online обука заедно со колегите од Global Consulting Group (smetkovoditeli.com.mk) додека есенскиот циклус повторно ќе имаме и опција за следење со физичко присуство.

Термин

📆 5-ти јуни, среда од 9:00.

Начин на следење

💻 Online (Zoom + YouTube stream), со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.

Теми и агенда

ДАНОЦИ: 2 часа

  • Неживотно осигурување – даночен третман од аспект на ДЛД и ДД за 2024;
  • Животно осигурување – даночен третман од аспект на ДЛД и ДД во 2024;
  • Оданочување на доход од закуп и подзакуп од имот и третман на режиски трошоци во 2024.

МСС и МСФИ: 4 часа

  • МСС 10 и Оддел 34: настани по периодот на известување;
  • МСС 19 и Оддел 28: користи за вработените;
  • МСС 23 и Оддел 25: трошоци за позајмување;
  • МСФИ 5: Нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинати работења;
  • Додавање на вредност од сметководствени услуги преку анализа на финансиски извештаи.

РАБОТНИ ОДНОСИ и ДЕЛОВНО ПРАВО: 2 часа

  • Право на користење на годишен одмор и право на исплата на регрес: нормативен, даночен и сметководствен третман со практични примери и разрешување на дилеми кои се јавуваат во пракса.

Предавачи

  • М-р Благоја Грозданов – магистер по економски науки;
  • Александра Иванова – овластен сметководител;
  • М-р Јани Павловски – магистер по правни науки;
  • Симона Павловска – овластен ревизор.

Цена

💶 Цената изнесува вкупно 2.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 2.360 денари по слушател. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.

Податоци за уплата:

  • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
  • Трансакциски сметки:
    • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
    • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
  • Цел на дознака: КПУ 2/2024 за *Име на лице и број на лиценца*.

ВАЖНО: Заради усогласеност со новиот Правилник за КПУ донесен од ИСОС, сите заинтересирани мора да се пријават и да извршат уплата најдоцна до 4.6.2024 и да бидат континуирано приклучени од своите компјутери за време на Онлајн семинарот, затоа што списокот со присутни и изворните податоци од платформата преку која истиот ќе се одржува мора да бидат доставени до ИСОС најдоцна 8 дена по одржување на семинарот!

Формулар за пријава

    Име и презиме (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон:


    Програмата за ова КПУ може да ја преземете подолу 👇