КПУ 1/2023 во организација на Конто Профит

0
2676

Со особено задоволство ве информираме дека Конто Профит доби одобрение за организација и спроведување на КПУ од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.М.

🔜 Првата дводневна Online обука (2 дена по 8 часа, или вкупно 16 часа) за КПУ за 2023 година ја планираме на 30 и 31.1 (понеделник и вторник), во термини од 9:00 часот.

Понатаму, во текот на годината планираме и спроведување на обуки за КПУ со физичко присуство.

Термини

📆 30.1 и 31.1 (понеделник и вторник) од 9:00.

Начин на следење

💻 Online, преку Skype, со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.

Теми и агенда

  1. Актуелности околу ЗВСР – ½ час (20 минути)
  2. Подготовка на ГС и ФИ (БС, БУ, ИПТ, ИПК и белешки), примена на ексел за проверка на извештаите и подготовка на ДБ за 2022 година кај ТД: 3 часа (120 минути)
    • Подготовка на ГС и ФИ,
    • Пресметка на амортизација и нејзин даночен третман,
    • Расходување на основни средства и даночен третман (поднесок на ДД-БС),
    • Евиденција на растур, кало, крш и расипување и останати недостатоци на средства и нивен даночен третман,
    • Евиденција на разлики по попис и даночен третман на истите,
    • Утврдување на пресметан ДД, обврска за ДД и пополнување на ДБ и ДБ-ВП (со акцент на користењето на можностите за даночни намалување на даночна основа преку реинвестирана добивка, дивиденди остварени од учество во капитал кај други даночни обврзници, загуба пренесена од претходни години (ДД-01) и сл.),
    • Актуелни прашања и дилеми поврзани со темата,
  3. Подготовка на ДБ-ВП/НП: ½ часа (20 минути)
  4. Пресметка на плати и надоместоци во 2023: 1 час (40 минути)
  5. Актуелни законски измени: 1 час (40 минути)
    • Измени и дополнувања во ЗДЛД,
    • Закон за платежни услуги и платни системи (замена за Законот за платен промет),
  6. Пополнување на ДДВ 04: 2 ½ часа (100 минути)
    • Примена на даночни стапки,
    • Услови за настанување на право на одбивка,
    • Промена на околности (член 37 од ЗДДВ),
    • Пополнување на поле 30 од ДДВ-04,
  7. Специфични ституации поврзани со ЗДДВ: 2 ½ часа (100 минути)
    • ДДВ во постапка за присилна наплата и присилно извршување,
    • Посебни видови на даночна основа,
    • ДДВ при статустни промени на ТД,
  8. Осврт на измени и дополнувања во ЗДДВ во собраниска постапка: ½ час (20 минути)
  9. Закон за даночна постапка и примена на материјални даночни закони во пракса: 3 часа (120 минути)
  10. Новиот Закон за заштита на потрошувачите – најважни одредби и импликации од аспект на евиденција на настаните во трговијата – 1 ½ час (60 минути)

Цена

💶 Цената изнесува вкупно 4.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 4.720 денари по слушател за дводневната обука. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.

Податоци за уплата:

  • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
  • Трансакциски сметки:
    • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
    • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
  • Цел на дознака: КПУ 1/2023 за *Име на лице и број на лиценца*.

Формулар за пријава

📝 За да се пријавите пополнете го формуларот подолу:

    Име и презиме (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: