Зимски термини за обуките за напредно сметководство и финансиска анализа (термини во декември 2023)

0
1735

Обуките се изведуваат хибридно: со физичко присуство но и Online. Со уплата за секоја од двете обуки следува соодветен прирачник со реални примери.

За сите оние кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството: Обука за напредно сметководство!

Промотивна цена: 6.500 денари💥.

Теми: Евиденција и даночен третман на специфични категории на приходи и расходи (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, финансиски одобренија и задолженија, расходување на основни средства, евиденција на растур, кало, крш и расипување и сл.), ревалоризација и обезвреднување на основни средства, залихи во специфични ситуации (производство, алокација на трошоци кон вредност на готови производи, евиденција по плански цени и други интерни книжења поврзани со залихите кај производствени претпријатија, трговци на големо и мало), евиденција на приходи кај повеќегодишни договори за изградба, третман на специфични ситуации од аспект на ЗДДВ (физички лица, член 32, 32-а, член 14), и Законот за данок на добивка (комплицирани примери со утврдување на даночна основа со непризнати расходи, намалување на даночна основа со реинвестирана добивка, пресметка на обврска за аконтации и утврдување на даночна обврска и сл.), комплетен осврт на секое поединечно поле од даночниот биланс (образец „ДБ“) и на ДДВ пријавата (образец „ДДВ-04)“, покомплицирани примери со утврдување на даночна основа, пресметка на аконтации и обврска за данок кај данокот на личен доход, нормативен правен и сметководствен третман на исплатите на дивиденди итн. 


Финансиска анализа и контрола: Обука за претприемачи, кредитни аналитичари, брокери, советници, сметководители и ревизори…


Пакет (напредно сметководство + финансиска анализа), по промотивна цена од 9.500 денари 💥 .

Слушателите на обуката за практично сметководство од овој или од претходни циклуси обуки кои сакаат да ги слушаат и другите две обуки (напредно сметководство и финансиска анализа) треба да извршат само доплата од сумата која ја имаат уплатено до сега до 19.500 денари.