Нешто сосема ново во организација на Конто Профит! Бидете дел од првиот модул во нашата даночна академија: тридневно советување за Законот за даночна постапка со практични примери.
Кога?
- 18.5, 19.5 и 20.5 (вторник, среда, четврток) од 17:30 до 19:30 часот.
Како?
- Online, за пријава сите заинтересирани може да го пополнат прашалникот подолу на страната, најдоцна до 12.5 (среда), 12:00 и ќе добијат инструкции за како да се приклучат кон обуката.
- Семинарот ќе биде максимално интерактивен и ќе оставиме простор за дискусија и прашања.
- За секоја тема ќе бидат презентирани конкретни примери од праксата.

За кого е наменето советувањето?
- Финансиски работници, сметководители, ревизори, даночни советници;
- Лица на раководни позиции во правни субјекти, претприемачи, директори, менаџери;
- Адвокати, правници.
Теми:
Општ дел од Законот за даночна постапка :
- Постапка по член 18 – вракање на наплатен данок;
- Постапка по член член 35а – даночен гарант;
- Постапка по член 74 – продолжување на рок за поднесување на даночни пријави;
- Постапка по член 75 – вракање во поранешна состојба;
- Постапка по член 76 – проценка на даночна основа.

Инспекциска контрола:
- Постапка при даночна инспекциска контрола со практични примери;
- Постапка при даночна инспекциска контрола во време на COVID.
Присилна на плата:
- Доспеаност и продолжување на доспеаност;
- Постапка при одлагање на плаќање на даночен долг;
- Опомена за плаќање на данок;
- Воспоставување на залог;
- Застарување за наплата на даночен долг;
- Камата;
- Предмети на присилна наплата;
- Попис на движни и недвижни ствари, присилна наплата од движни, недвижни ствари и прислина наплата од парични средства и пренос на побарувања;
- Впаричување;
- Траен отпис.
Прекршочна постапка пред комисија на УЈП:
- Надлежност;
- Прием и работа на комисијата за прекршоци;
- Постапка за порамнување и издавање на прекршочен платен налог;
- Постапка пред комисија за прекршоци;
- Видови санкции;
- Постапка по жалба;
- Поведување на управен спор;
- Достава во прекршочна постапка;
- Постапка за едукација.
Цена?
- За годишни претплатници кои платиле претплата за 2021 година – 1.500 денари + 18% ДДВ или вкупно 1.770 денари;
- За сите останати цената изнесува 3.000 + 18% ДДВ или вкупно 3.540 ден.
Предавачи
- Врвни експерти со повеќегодишно практично искуство во областа.
Пријава и податоци за уплата:
За повеќе инфо контактирајте не на 070 22 11 65 или на [email protected].
За да се пријавите Ве молиме едноставно пополнете го прашалникот во продолжение: