KОНТО ПРОФИТ
Ваш компас на патот кон успехот:Сметководство, даноци, консалтинг, правни услуги, обука на стручни кадри

КПУ во Конто Профит


Би сакале да Ве известиме дека, на наше големо задоволство, КОНТО ПРОФИТ ДООЕЛ Скопје
ги исполни пропишаните услови за стекнување со правото за организација и одржување на обуки за КПУ за сметководители и овластени сметководители.

Веруваме веќе сте информирани за потребата сите лиценцирани сметководители и овластени сметководители заради континуирана професионална надградба да следат обуки за КПУ и тоа конкретно:

  • Овластени сметководители најмалку 30 часа годишно а 120 часа во 3 години (односно најмалку просечно 40 часа годишно);
  • Сметководители најмалку 20 часа годишно а 90 часа во 3 години (односно најмалку просечно 30 часа годишно).
Би ни причинило огромна чест и задоволство доколку се решите дел од овие часови да ги слушате токму со нас! За да може да Ве контактираме и навремено да добивате информации за планот за држење обуки, Ве молиме пополнете го овој формулар со вашите контакт информации и истиот пратете ни го на kontoprofit@t.mk

План и програма за обуки во Декември 2017:

Обуки КПУ, октомври 2017, Скопје и Куманово


Обуките во Декември носат 8 поени (8 часа) во насока на исполнување на обврските за КПУ од кои:

  • Закон за даночна постапка (акцент на даночниот гарант со практични примери),
  • Утврдување на обврска за плаќање на данок на добивка (утврдување на резултатот од работењето, пресметка на даночна основа, користење на можноста за намалување на даночната основа за реинвестирана добивка со примери за потребните правни акти, намалување на обврската за данок за платени аконтации);
  • Закон за ДДВ, акцент на член 32-а;
  • Eвиденција на настани кај тур оператори и даночни пресметки кај тур операторите од аспект на ДДВ;
  • Трудово право (практични примери од работни односи);
  • Стечајно право (акцент на тек на една стечајна постапка).

Предавачи во декемврискиот циклус:

  • М-р Данаил Каров, министерство за финансии (даноци)
  • М-р Благоја Грозданов, овластен сметководител
  • Валентина Јанковска, овластен сметководител
  • М-р Томе Делов, адвокат

Што треба да знаете за нашите обуки?

  • Сметководството е интердисциплинарно па затоа сметаме дека е од големо значење да се обезбеди и можност за размена на искуства со припадници на останати сродни интелектуални професии. Затоа, предавачи на нашите обуки ќе бидат колеги лиценцирани овластени сметководители но и адвокати, проценители, вешти лица, ревизори и сл., кои ќе пренесат дел од нивните знаења и секојдневни искуства.
  • Секогаш за време на обуките поттикнуваме дебата, дискусија и размена на мислења, ставови и искуства меѓу сите присутни. Темите кои ќе ги обработиме мора да се во согласност со Годишната програма за КПУ, но би сакале секогаш да бидеме флексибилни и да оставиме простор за прашања во рамки на програмата.
  • Нашите обуки носат 8 поени (8 часа) во насока на исполнување на Вашите обврски за КПУ од кои 3,5 часа од областа на МСФИ, потоа 2,5 часа од областа на даноците и 2 часа од областа на законската регулатива. Еден час трае 40 минути, што значи ефективно траат 320 минути, со паузи измеѓу секој блок час (генерално, по 80 минутно предавање следат околу 15 минути пауза).

За да се пријавите треба да уплатите 2.000 денари + 18% ДДВ надомест, односно 2.360 денари за секое лице кое ќе присуствува на обуката. Сметки за уплата:

  • 300-0000014524-17 (Комерцијална) и
  • 210-0560987901-48 (НЛБ).

Во цел на дознака Ве молиме наведете име и презиме, број на уверение за сметководител или овластен сметководител и град во кој ќе присуствувате (пример: Миле Милевски, 123456, Скопје).

За повеќе инфо контактирајте не на kontoprofit@t.mk, edukacija_obuka@t.mk или на еден од телефоните 02 609 1551 или 070 22 11 65.

Ве очекуваме!

Обуки за практично сметководство, групи пролет 2017



АНКЕТА
Дали нашиот Сајт нуди доволно информации?
Да, сосема доволно
Премногу, тешко се наоѓа тоа што е корисно
Недоволно